13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ГО ПРОДАДЕ НАЈВРЕДНИОТ ПОДАРОК ОД БРЕД ПИТ ЗА 11 МИЛИОНИ ЕВРА (фото)

Пејзажот од Мароко од Винстон Черчил, кој беше во сопственост на Анџелина Џоли, беше продаден на аукција за повеќе од 11,5 милиони долари, што е нова рекордна цена за слика на британскиот премиер од времето на Втората светска војна.

Сликата „Кула џамија Кутубија“ беше продадена во лондонската аукциска куќа Кристи за 8.2855.000 фунти или 11.590.715 долари, иако нејзината вредност пред аукцијата се проценуваше од 1,5 до 2,5 милиони фунти.

Претходната рекордна цена за едно од делата на Черчил беше нешто помалку од 1,8 милиони фунти.

Сликата на џамијата во Маракеш од 12 век во самрак, со планините Атлас во позадина, е дело што ја отсликува и политичката и холивудската историја, пренесува Асошиејтед Прес, а пренесува Танјуг.

Единствената слика што ја заврши Черчил за време на Втората светска војна е направена по конференцијата во Казабланка на 23 јануари 1943 година, на која тој го испланирал поразот на нацистичка Германија со тогашниот американски претседател Френклин Д. Рузвелт

Двајцата лидери го посетија Маракеш по конференцијата, а Черчил му ја даде сликата на Рузвелт како спомен на тоа патување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести