Прво е јавено дека му се слошило во саботата навечер во неговиот стан во Загреб, додека до медиумите дошла информација дека бил на приватна вечера каде што само се срушил.
“Стана да земе вода и падна“, кажува еден од присутните на вечерата. Брзата помош иако стигнала за само три минути, лекарите неможеле ништо да сторат, починал во загрепската болница “Свети Дух“.
Во Загреб дошол од херцеговски крш со еден куфер, за да како градоначалник, почесто одел во Церов Долац, каде што живеела мајкаму со која бил необично близок се до нејзината смрт.
Го сакал Белград, и постојано го истакнувал примерот изградба на град на вода а на свои соработници им порачувал дека иднината на Загреб е на вода.
Колку и да “ударале“ по Бандиќ, граѓаните го подржувале и избирале, без разлика на многубројните казнени пријави и две куси претстојувања во затвор за време додека премиер бил Зоран Миловановиќ.
Реализирал безброј проекти во градот, а за некој ден ќе биде пуштена жичара, негов последен проект.
Зборувал загрепски дијалект, станувал во пет наутро и редовно одел на трчање, за денот го заврши доцна навечер. Во политиката бил доста снаодлив, без него неможела ниедна власт.
Пред дваесетина години Бандиќ доживеал мозочен удар, а после тоа имал и низа здравствени проблеми. Вградени му се стентови, а минатата година имал проблеми и со срцето, но ги одбивал советите на лекарите да го намали темпото. Со сопругата Весна ретко се појавувал во јавност, а својата единствена ќерка Ана Марија ја држел настрана од светлата на рефлекторите.
Доживел се можни напади од политичките противници и кога се мислело дека е “готов“, Милан Бадниќ се воздигнувал и победувал. Така бил сигурен дека ќе го освои и седмиот градоначалнички мандат.
