Папата Фрањо наведува дека човештвото треба да обрне внимание на глобалното затоплување, корупцијата и неправдата во светот
Потсетувајќи се на библискиот потоп, папата повика на размислување за зголемувањето на температурите и топењето на глечерите како опасна закана, пред да биде предоцна. Ако луѓето не го променат својот став кон тоа прашање, Бог ќе го „исчисти“ светот од корупција и неправда, изјави римскиот понтиф. Работите како претпазливост, сочувство и емпатија не треба да се забораваат кога се занимаваат со светски проблеми, додаде тој. Папата исто така повика на зачувување на верата, бидејќи, како што рече, „природно е христијаните да се сомневаат во верата и Бог, но и покрај нив да не се откажуваат од верата“. Извадоци од книгата беа објавени во пресрет на посетата на Папата на Ирак, прва официјална посета на римокатолички водач на друга земја од почетокот на пандемијата на вирусот корона.
