-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Земи уште еден Фервекс тато ! Изолираниот Мицкоски ја забавува интернет заедницата со незрели статуси кои ги спонзорира па брише

Ковидот чудно делува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски па неговите ставови стануваат уште поконфузни.
Јавноста нема увид во неговата здравствена состојба и мора да верува во неговите зборови дека почуствувал само поблаги симптоми.
Нејасно е дали е болеста главната причина или пак виновна е изолацијата, но во текот на вчерашниот ден спонзорираниот статус на Мицкоски им го разубави денот на сите кои ги следат социјалните мрежи и им овозможи за миг да се релаксираат од секојдневните проблеми.
„Ако Мицкоски не чини, зошто е константно на удар на сите непријатели на Македонија“, си напиша Мицкоски за себе во трето лице и си се потпиша под спонзорираниот пост.

„го загубивме човекот … ни отиде …“ , „едно жолто комбе ќе ве молам, на човеков не му е нешто добро“, „во трето лице за сам себе. Дефинитивно е потребна анализа, стручна и тоа“, „многу јако што сам себе си става цитати“, „господи помилуј за арно да е работава“ се само дел од коментарите на постот на мицкоски кој побуди смеа на социјалните мрежи.

Откако виде како неговиот спонзориран пост минува на социјалните мрежи, а можеби и после некој Фервекс, Мицкоски се одлучи за стратегијата пиши-бриши и постот го снема од неговиот профил.
Медиа веќе се посомнева дека можно е заради болеста , Мицкоски да излезе и со конфузниот став околу пописот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести