Фолкерката Дара Бубамара не може без скандали! Имено, денес околу 15: 30 часот полициски пресретнувач ја фатил на автопатот Белград-Ниш, во Нов Белград, како беснее со својот мерцедес.
Како што пренесуваат медиумите во соседството не само што возела брзо, туку и возела по лентата за запирање што на автопат е забрането.
Висината на казната се уште е непозната затоа што за неа треба да „пресече“ судот за прекршоци.
Интересно е дека возела со таблички со познатата ознака „ДОН“ какви што имаат многу естрадни имиња во соседството, а возилото го набавила преку фирмата на колешката Драгана Мирковиќ. Освен Дара, односно Радојка како што е нејзиното вистинско име, вакви таблички имаат и Раста и Аца Лукас…
