8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Медиумската перјаница на Мицкоски удри по НАТО ! Ја менува ли ВМРО-ДПМНЕ политиката ?

Директорот на тв Алфа, Јани Бојаџи со силни зборови удри по НАТО, дали ова е индиректна порака од Христијан Мицкоски за пресврт во политиките на ВМРО-ДПМНЕ останува да видиме. За потсетување и аналитичарот Сотир Костов кој што е близок до ВМРО-ДПМНЕ во емисијата ” Само вистина” на Канал 5 кажа дека е потребно Македонија да се заврти кон Исток и да бара алтернатива таму.

“Јас сум сега НАТО! Јас сум сега Америка! Моето право на слобода е чувано од НАТО! Да живее НАТО!

Со членувањето во НАТО Македонија не оставари ниту една, ама ниту една придобивка од оние што беа нудени ако се отакажеме од правото да бидеме тоа што сме!

Со членувањето во НАТО Македонија не оставари воен, политички, економски, социјален и духовен просперитет.

Со членувањето во НАТО Македонија ќе се соочи со реалноста на лагите да се верува безусловно во што и да е, а особено во тоа дека НАТО и ЕУ нудат било каква морална или етичка вредост.

Со членувањето во НАТО Македонија ќе ја доживее својата воена, политичка, економска, социјална и духовна пропаст.

Му благодарам на НАТО!

Завчера пак сме ја нападнале Сирија?

Кого следно ќе нападнеме?

Јас сум НАТО! Безбели нема НАТО да ме нападне мене?” – пишува на Фејсбук директорот на Алфа, Јани Бојаџи.

За потсетување предходно директорот на ТВ Алфа Јани Бојаџи, во колумна предложи отфрлање на кирилското писмо и враќање назад на глаголицата.
„Напуштање на кирилското писмо, воведување на глаголицата како државно и национално писмо и овозможување нов и еднаков почеток на сите граѓани во системот на образование и почнување на меѓусебно помирување, простување, обединување и враќање во вредностите на националното, културното и цивилизациското практикување на поединечните и општите вредности во национална и граѓанска смисла“ се вели во колумната на Бојаџи објавена во Нова Македонија.

Актуелниот директор на ТВ Алфа важи за близок соработник на Христијан Мицкоски, а како што кажа и самиот, во неделите после возење велосипед, поминува во штабот на ВМРО-ДПМНЕ за да продискутира околу актуелната состојба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести