6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Граѓаните повторно ќе може да плаќаат сметки во Пошта

Граѓаните повторно ќе може да плаќаат сметки во Пошта. Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово.

Во текот на месец март услугата ќе стане достапна и во сите останати единици на Пошти.

Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со особено поволни провизии. Односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25% од вкупниот платен промет во државата.

Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести