Песната што ќе го претставува Кипар на Евровизија предизвика страсти во таа земја по огорченоста на некои конзервативни и десничарски кругови што ја опишуваат како сатанска.
Изборот на песната „El Diablo“ (Ѓавол) од грчката пејачка Елена Кагрину (Цагрину) предизвика различни реакции на кипарските, а здружението на наставници по веронаука во средните училишта изрази „гадење“ од песната и побара нејзино повлекување, според Асошиејтед Прес.
Здружението изјави дека стиховите „му ветуваат доживотна преданост на сатаната и му признаваат љубов“.
- Му го дадов срцето на ѓаволот … затоа што тој ми рече дека сум неговиот ангел, се некои од стиховите што предизвикаа револт.
Екстремно десничарската партија ELAM изјави дека песната, дури и ако нејзиниот текст е метафоричен, ја „напаѓа и навредува“ нивната вера.
Неименуван човек, кој бил обвинет запредизвикување инцидент пред кипарскиот јавен сервис, институцијата што ја избра песната „El Diablo“ за учество на Евровизија, отиде најдалеку.
Кипарската полиција денес објави дека мажот е обвинет за закани и малтретирање откако упаднал во кипарскиот радио и телевизиски комплекс поради, како што рече, „богохулното“ влегување на земјата на овогодинешниот Евросонг.
Сведоците на вчерашниот инцидент и рекле на полицијата дека човекот им се заканувал на вработените во редакцијата на Кипарската радиодифузна корпорација и тврди дека изборот на песната претставува навреда за христијанството.
Тој врескал кон бројните вработени во дворот и ги прашува како можат да ја оправдаат нивната поддршка за ваква песна.
Кипарската новинска агенција објави дека на телевизијата преку телефон и се заканувале дека ќе биде „изгорена“ поради песната.
Другите кипари истовремено ја поддржуваа песната на социјалните мрежи, нарекувајќи ја добра, додека нејзините критичари се опишаа како религиозни фанатици.