14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Затворен угостителски објект во село Вруток, работел по дозволеното време

На 28.02.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Вруток, гостиварско, сопственост на К.С.(23) од с.Вруток, при што констатирале дека објектот работи и внатре биле затекнати 13 лица со сопственикот.
Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести