5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ТРАГЕДИЈА: Од срцев удар почина Градоначалникот на Загреб

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, почина ноќта во саботата кон неделата. Веста за неговата смрт ја потврди за 24 часа неговиот долгогодишен соработник, доктор и директор на Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар.

Смртта на градоначалникот ја потврди и клиничката болница Свети Дух, пренесува 24 сата.

Смртта на градоначалникот беше потврдена со изјава од Градот. „Во длабока тага, ги информираме нашите сограѓани, соработници, пријатели, загрепската и хрватската јавност дека одеднаш, денес, на 28 февруари, на 66-годишна возраст, градоначалникот на Град Загреб, г-дин Милан Бандиќ , почина од срцев удар “, беше објавено во неделата вечерта од градот Загреб.

Милан Бандиќ е роден во 1955 година во селото Бандига Бриг во општина Груде. По гимназијата и основното училиште во Груде, заминал на студии во Загреб. Завршил Факултет за политички науки. Покрај студиите, тој работел и на истовар на шеќер и јаглен и малтерисување на фасадите на градските згради. После колеџот, тој ја отслужил својата воена служба и се вработил во загребскиот Лед.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести