5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Пописот почнува утре, а Мицкоски уште ги залажува членовите на ВМРО-ДПМНЕ со собирање на потписи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за жал успеа да фати корона, но не успеа да фати страна и конечно да заземе став барем за пописот.
Од утре, 1 март, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска го премолчеа стартот на целата операција и не излегоа со никаква препорака до членовите и симпатизерите на партијата кои живеат надвор од границите на Македонија.
Одредени структури кои се спротиставуваа на Законот за попис по социјалните мрежи веќе споделуваат апели за бојкот, а најголамата опозициска партија не излезе со никаква препорака до македонците иселени во странство дали да се попишуваат или не.

МНР од утре ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса, а ќе може да се пристапи само од странство, при што безебедноста личните податоци е осигурана.

Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот Османи, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспоарата и за усулгите што им се потребни на иселениците.

„ Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините заошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме“, истакна Османи.

Директорот на Заводот за статистика вчера посочи дека МНР и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

– Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината, истакна директорот на ДЗС .

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страниците www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx

Пред десетина дена американската амбасадорка Кејт Брнз индиректно ги критикуваше политиките на Мицкоски и во однос на барањето на предвремени избори и во однос на пописот.
„Треба да се направи попис. Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики, како и да се привлечат инвестиции, кои се неопходни за вашиот раст“, рече американската амбасадорка, Кејт Брнз.

„Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на Собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата. Тоа има критична функција. Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки“ истакна амбасадорката во „Само вистина“ на Канал 5.

За разлика од Мицкоски кој не прави ништо конкретно освен што сеуште собира потписи и покрај тоа што тврди дека има обезбедено парламентарно мнозинство со кое што би ја соборил владата, а следствено и да го смени Законот за попис, Левица пред месец дена го оспори пред Уставен суд.

Слично како и со пописот, Мицкоски талкаше со ставовите и по распишувањето на референдумот без да заземе став за, против или бојкот. Мицкоски и тогаш остави граѓаните сами да одлучеле.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести