-1.2 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Еве кои се десетте најбогати жени на фудбалери

Иако во јавност најчесто се приврзувани со своите сопрузи кои се фудбалери, голем број од овие жени имаат работа што ја прават и тоа им носи вистинско богатство.

Некои се дури и побогати од нивните сопрузи, како што е случајот со Шакира и Пике, а британскиот „Sun“ истражуваше која од нив е најбогата и колку се проценува нивната „финансиска моќ“.

1. Викторија Бекам

На прво место е Викторија Бекам, сопругата на Дејвид Бекам, тешка 360 милиони фунти и која се занимава со модна индустрија.

Се тврди дека во истата индустрија во 2019 година, имала загуба од 15,9 милиони фунти, а потоа следел нов удар поради короната, но сепак таае на самиот врв.

2. Шакира

Веќе ја спомнавме оваа привлечна колумбиска пејачка, а нејзината вредност наводно е 220 милиони фунти. Од друга страна, нејзиниот сопруг Пике е „тежок“ само 30 милиони.

Во јануари, Шакира ги продаде правата на своите песни за ситни пари, кои иако не беа откриени, продадоа 80 милиони плочи ширум светот во текот на нејзината кариера.

3. Колин Руни

Сопругата на Вејн Руни е на третото место со бројка од 14 милиони фунти. А, таа наводно заработила со паметно вложување на парите што нејзиниот сопруг ги заработил додека играл фудбал.

Таа пишува модни колумни за познати списанија, стана дури и автор за деца и заработи многу пари продавајќи видеа за вежби за подобра линија.

4. Џорџина Родригез

Богатството на прекрасната половина на Кристијано Роналдо се проценува на седум милиони фунти, а овој шпански модел заработува најмногу пари преку Instagram. Ја следат 24 милиони луѓе и од само еден оглас знаеше да ѝ донесе 250.000 евра.

Таа стана заштитно лице на одредени модни куќи што ги рекламира, а во меѓувреме лансираше и своја модна линија.

На 5-то место е поп-ѕвездата Пери Едвардс, девојка на Алекс Окслејд-Чембрлен, чие богатство се проценува на шест милиони.

Кристин Лампард (сопругата на Френк Лампард) е на шестото место со богатство од пет милиони, додека девојката на Паоло Дибала, Оријана Сабатини е на 7-то место со бројка од четири милиони.

Ванда Икарди е на 8-то место, а богатството на нејзиниот сопруг Мауро Икарди се проценува на три милиони. Ванда заработува и од Instagram, е личен агент на напаѓачот на ПСЖ и неодамна лансираше линија за козметика.

Еби Кленси, сопругата на Питер Крауч е на 9-то место и „тешка“ е 2,5 милиони фунти, додека актерката Роберта Фланаган е на 10-то место. Таа е мажена за Скот Синклер, и тие го очекуваат своето трето дете, а нејзиното богатство се проценува на два милиони фунти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести