8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ТОДОРОВ ЖЕСТОКО МУ ОДГОВОРИ НА МИЦКОСКИ: Додека јас го напаѓав и се борев против Заев, Мицкоски си градеше хидроцентрали!

По денешното гостување во “Радио Лидер” на Христијан Мицкоски и обвинувањата кон Тодоров, стигна одговорот и се огласи поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Еве што напиша:

“Додека јас го напаѓав и се борев против Заев и СДСМ, Мицкоски си градеше хидроцентрали. Додека јас го напаѓав и се борев против СДСМ и Заев, ВМРО победуваше. Откако Мериот коалицијата му ги собра потписите и го избра Мицкоски за претседател на партијата, негова обврска е да го напаѓа, да се бори и да го победи СДСМ. За жал, Мицкоски само губи од Заев. Има две можни причини за постојаните порази кои Мицкоски ги остварува: или е тотално неспособен претседател или намерно губи од Заев, за да не одговара за тоа што работеше или не работеше, додека беше директор на ЕЛЕМ. Мицкоски, оди си! Доста ни е од твојата хидро-група и од твоите порази. ВМРО не е Мицкоски, ВМРО е многу повеќе и многу поважно од тебе. Оди си за да можеме да го победиме Заев и СДСМ. Равенката е едноставна: Мицкоски си оди, Заев си оди. Мицкоски претседател на ВМРО, Заев претседател на Влада. Оди си, за спас на ВМРО!” – пишува Никола Тодоров на Linkedin.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести