13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ЛЕТА ВО БИЗНИС КЛАСА, А ШВЕРЦУВА ЛЕБ И ПАШТЕТА

Марија Шерифовиќ паузата од снимањето на Ѕвездите на Гранд ја искористи за патување во Америка. Во моментов таа се наоѓа во Лос Анџелес, а во првиот влог од патувањето покажала што прави додека е во авион. На изненадување на многумина, пејачката открила дека со себе понела леб и паштета во кои слатко си уживала за време на долгиот лет.

– А сега почнува спектаклот. Вистина е дека летам со бизнис класа, затоа што имам разни кичмени болести и не можам да седам 15 часа и подолго. И обично она што оди со бизн класата се шампањско, шкампи… И тоа е ок, ама јас сакам нешто поинаку. За време на летот се јаде паштета! Не го потценувајте ова, вели Марија и пред камерата ги покажала „шверцуваните“ леб и паштета. и дека и недостасуваат јогурт и домат.

– Здрав леб си понесов од дома. Реално, сакав да земам и домат, ама ми беше срам, признава Марија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести