8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Во угостителски објект во Куманово не биле почитувани мерките за заштита од ковид-19

На 25.02.2021 година во 17.22 час во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола и во објектот,  сопственост на И.А.(30) од Куманово, а изнајмен на А.М.(20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, при што било констатирано  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, превидено и казниво по чл.206 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести