19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Пикси утре станува и официјално селектор на Србија!

Фудбалска еуфорија ја “тресе“ Србија. Она што се најавуваше три месеци утре ќе биде и официјално. Како што најавуваат тамошните медиуми, утре со почеток во 13 часот ќе се одржи седницата на УО на ФСС на која се очекува едногласно, со акламација за нов селектор на Србија да биде избран Драган Стојковиќ – Пикси. Наредните денови, до крајот на оваа недела се очекува да се случи официјалната промоција а веќе следната новиот селектор ќе го објави списокот на играчи на кои смета за мартовскиот циклус квалификациски натпревари за СП во Катар 2022 година.

Во стручниот штаб на Пикси ќе бидат се познати фудбалски имиња како Стеван Стојановиќ, Братислав Живковиќ, Жарко Ѓуровиќ, Марко Перовиќ,Александар Коциќ и кондицискиот тренер, кој доаѓа од Јапонија, Катхшухита Киношија.

Инаку Србија во квалификациите во март се среќава со селекциите на Р. Ирска, Португалија и Азербејџан.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести