12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Два послаби земјотреси со јачина од 3,2 и 3,5 степени ја стресоа рано утрово областа околу Драч во Албанија

Два послаби земјотреси со јачина од 3,2 и 3,5 степени ја стресоа рано утрово областа околу Драч во Албанија, објавено е на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени е регистриран околу 4 часот наутро, додека вториот со јачина од 3,5 степени е регистриран половина час подоцна на длабочина од 15 метри, а епицентрите на двата земјотреса биле во морето, на околу 20 километри од Драч, соопштуваат службите во Албанија.

Според локалните медиуми, иако земјотресите не биле силни, тие ги вознемириле жителите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести