6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Нова последица од корона вирусот се појави

Според најновите истражувања 25 отсто од поранешните пациенти се соочуваат со опаѓање на косата.Замор, губење на сетилото за и болка во градите се некои од најпознатите долготрајни последици од прележаниот ковид, меѓутоа според најновите истражувања, скоро четвртина од поранешните пациенти се соочуваат со опаѓање на косата.Студијата, објавена во магазинот „Лансет“ открива дека 359 луѓе од 1655 хоспитализирани во Вухан, односно 22 проценти, доживеле губиток на косата шест месеци откако се отпуштени од болница, пренесува „Дејли меил“.

Дерматолозите велат дека губењето на косата е нормален психолошки одговор на стресен настан, како што е и заразната болест и е само привремено, но ковидот би можел да предизвика алопеција, при што губењето на косата е трајно.

Кинеските автори сакале да ги истражат долготрајните здравствени последици од ковидот, попознат како „продолжен ковид“.Како што рекле овие симптоми остануваат и понатаму во поголем дел нејасни, иако Национална јавна служба на Англија (НХС) има листа од 14 последици меѓу кои се малаксаност, краткок здив, несоница, вртоглавица, болка во зглобовите, депресија и анксиозност.

Губењето на косата го нема на оваа листа на НХС.– Целта на оваа студија е да се опишат долготрајните последици кај пациентите кои прележале ковид, наведуваат авторите од Кинеската академија на медицински науки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести