4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Германските пиварници беа принудени да го фрлат непродаденото пиво, поради што побараа финансиска помош од државата

Германските пиварници беа принудени да го фрлат непродаденото пиво, поради што побараа финансиска помош од државата во време кога се продолжува полицискиот час, соопшти денеска здружението на пиварници.

Германските кафулиња, хотели и ресторани се затворени од ноември, а пабовите ја повикаа државата да им помогне финансиски како дел од програмата за помош на различните индустрии во надминување на кризата предизвикана од пандемијата COVID.

Владата веќе им помагаше на кафулињата, но не и на пабовите.

  • Од недела во недела, сè повеќе пиварници, пабови специјализирани за пиво, се соочуваат со егзистенцијална закана, иако тоа не е нивна вина и тие се третираат несоодветно, напишаа 300 пабови од здружението DBB и VPBD во едно писмо.
  • Заклучувањето и падот на продажбата на пиво значеа дека пиварниците изгубија голема сума пари преку ноќ. Залихите пиво вредни милиони евра беа исфрлени затоа што на пивото му истече рокот на траење, се вели во писмото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести