Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на премиерот Заев со новиот економски советник од Германија, Хајдекер: Поздравен е фокусот кон економијата, се зајакнува соработката

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јоханес Хајдекер, економски експерт од Сојузна Република Германија, кој во следните две години ќе биде редовно ангажиран во Владата и ќе работи активно со економскиот тим.

 На состанокот е поздравен фокусот на премиерот Заев и на Владата кон развојот на економијата и е разговарано за натамошната имплементација на проектите коишто се работат заедно со Германското друштво за интернационална соработка.
 
Заеднички е констатирано дека е важно креирањето одржливи развојни политики, со воспоставување долгорочни и среднорочни стратешки цели и навремено спроведување на стратешките инвестициски проекти. Во таа насока е разгледана важноста од воспоставувањето Централен мониторинг, со цел следење на имплементацијата на проектите. Разговарано е и за Стратегијата за паметна специјализација, што има за цел да го поттикне растот и работните места во Европа, преку овозможувањето секој регион да ги идентификува и развива сопствените конкурентски предности и за нејзино спроведување во нашата држава.
 
„Нашата цел е раст на економскиот животен стандард на граѓаните и на тоа сме силно посветени и во овие услови на пандемијата, како земја којашто стана членка на НАТО и очекува исчекор во европските интеграции. Изразувам голема благодарност до Германија и граѓаните на земјата, за големата поддршка што ја даваат на Република Северна Македонија на политички и на економски план“, рече премиерот Заев.
 
На состанокот е договорено соработката активно да продолжи со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

најчитани вести

Македонија

„Егзибиционизам што нема правна потпора“, вака универзитетскиот професор Борче Давитковски го оценува собирањето потписи против пописот, што деновиве го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот декан...

Македонија

Интегрален текст од прес-конференцијата на Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Добар ден на сите и добредојтовте на промоцијата на слоганот под кој ќе...

Забава

“Балашевиќ не заслужува никаков помен“, напишал Вељко. Додека цела Србија и регионот со емотивни пораки се простува од Ѓорѓе Балашевиќ, Вељко Ражнатовиќ има поразлично...

Македонија

Дека имало незаконско следење на комуникациите во Таргет – Тврдина, имало – и тоа никој не го спори и не може да го спори....