11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и три странски државјанки

Ноќеска (22 февруари) околу 00.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во с.Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест(6) странски државјанки. А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три(3) странски државјанки, од кои две(2) од Русија и една(1) од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести