Кога се појавија првите количини на PlayStation 5 и веднаш се распродадоа, еден дел од првите клиенти се обидоа да заработат пари поради големата побарувачка, па веднаш се обидоа да ја препродадат конзолата по многу повисока цена.
Многумина се прашуваа кој е подготвен да плати неколку илјади долари за PlayStation 5, но има луѓе што даваат половина милион. Да, добро прочитавте, дури 500 000 $.

Сепак, голем број гејмери со подлабок џеб ќе бидат разочарани, бидејќи и покрај желбата да потрошат луда сума пари на оваа конзола, тие нема да можат да го сторат тоа. Причината? PlayStation 5, кој чини толку многу, е направен од компанијата „Caviar“, во само девет примероци.
Станува збор за модел „Golden Rock“, кој е покриен со 18-каратно злато. Златната конзола е придружена со луксузен контролер направен од крокодилска кожа, а на листата на чекање има 1342 луѓе.
Според „Arena GSM“, на овој список е и славниот кошаркар Леброн Џејмс, како и „познат руски бизнисмен, како и подеднакво познат американски бизнисмен од ИТ индустријата“, чии имиња не се објавени.
За оние кои сакаат луксузен PlayStation, а 500 илјади се уште им е премногу, „Caviar“ подготви поевтини верзии.
Така, за 8140 долари е достапна верзија со футрола од алигатор, додека за само 5 830 долари, можете да го купите моделот „Carbon“, направен од јаглеродни влакна.
