10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПРОФЕСОРОТ ДАВИТКОВСКИ ЗА ПОТПИСИТЕ НА МИЦКОСКИ: Егзибиционизам што нема правна потпора

„Егзибиционизам што нема правна потпора“, вака универзитетскиот професор Борче Давитковски го оценува собирањето потписи против пописот, што деновиве го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот декан на правниот факултет во изјава за телевизија 24 вели дека ова нефомално собирање потписи не значи ништо.

„Ако сакаа да биде правно издржано требаше да одат согласно Законот, да собираат потписи преку подрачните единици каде што едноставно можеа да соберат одреден број, десет илјади потписи, за да може да се покрене законодавна иницијатива“, вели професорот Давитковски, кој додава дека тоа е едно, а второ, смета дека ова е повеќе „театрално однесување пред локалните избори“.

„Имаат толку многу пратеници што било кој пратеник или пратеничка група можеа да дадат предлози за измени за Законот за попис“, изјави професорот Давитковски за телевизија 24.

Инаку, долгогодишни членови и функционери на партијата сметаат дека ова што го прави актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ нема за цел да се поништи Законот за попис, туку е исклучиво за дефокусрање на јавноста од најавата за вонредниот конгрес.

Се злоупотребуваат партиските членови да се потпишуваат проформа, спротивно на Законот кој вели дека потписите треба да се собираат во подрачните единици со лична карта за идентификација, реагира голем дел од членството. Тие разочарано негодуваат дека лагите на Мицкоски продолжуваат и понатаму за спас на неговата фотеља.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести