Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во сабота, 20.02.2021 година, со почеток во 12.00 часот, на просторот пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во рамки на подготовките на конгресот, ќе организира промоција на мотото под кое ќе се одржи 17 Вонреден Конгрес.
Настанот ќе биде од отворен тип, може да присуствуваат медиумите и сите заинтересирани граѓани и членови на ВМРО-ДПМНЕ.
