5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Се вакцинираше ќерката на Бил Гејтс и се огласи во јавноста: “За жал не ме чипираа..”

Џенифер Гејтс, ќерка на славниот милијардер Бил Гејтс, на својот Instagram профил објави дека минатата недела примила вакцина против вирусот корона.

Џенифер, која има 24 години и студира медицина, по тој повод се пошегува на социјалната мрежа и напиша дека микрочипот „генијален мозок на нејзиниот татко“ не ѝ бил вметнат преку вакцинацијата.

Имено, најстарата ќерка на милијардерот, во четвртокот, на Instagram се осврна на теориите на заговор дека нејзиниот татко планира да имплантира микрочипови кај луѓето со вакцина со цел да ја знае точната локација на лицето.

  • За жал, вакцината НЕ го всади мојот брилијантен татко во мојот мозок, напиша Џенифер, која има 359.000 следбеници на Instagram.

Ќерката на Гејтс користеше објава на оваа платформа за да потсети дека активната состојка во вакцината е мал дел од вирусен генетски материјал наречен mRNA, а не уред за следење.

  • Ако mRNA ја имаше оваа моќ, напиша таа.

Таа додаде дека се чувствува повеќе од привилегирано што може да ја прими првата доза на вакцина COVID-19. Таа исто така им се заблагодари на „лекарите, научниците, експертите за јавно здравје, фармацевтите и многу други кои го овозможија ова медицинско достигнување“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести