1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Еве кој е Џек Мевосек , најпознатиот сериски убиец

Џек Мевосек е псевдонимот кој е даден на сериски убиец кој има убиено и распарчено најмалку пет проститутки во Вајтчепел, работничка населба во источен Лондон, кон крајот на 19 век. Мистеријата поврзана со неговиот идентитет и мотивите инспирираше многу автори да напишат книги и да направат филмови, а денес се претпоставува дека станува збор за полскиот имигрант Арон Космински.

  1. Меѓу познатите личности кои се споменуваат како осомничени од бројни автори на книги и написи за Џек Мевосек се еминентниот сликар Валтер Сикерт, писателот Луис Керол, па дури и Алберт Виктор, внук на кралицата Викторија.
  2. Истрагата ги довела експертите до неколкумина осомничени, од кои најпознати се фризерот Арон Космински, учителот во Монтају Џон Друт, шарлатанот доктор Франсис Тамблети и серискиот убиец Џорџ Чепмен. Врз основа на истражувањето од 2014 година, се смета дека најверојатно станува збор за Космински.
  3. Поради многубројни напади врз жени во тоа време, било тешко да се утврди дали жртвата е негова или не. Сепак, тој секако е одговорен за убиствата на пет проститутки (Мери Ен Николс, Ени Чепмен, Елизабет Страјд, Кетрин Едоус и Мери Џејн Кели).
  4. За време на убиствата на Мевосек, полицијата и весниците добивале голем број писма во врска со случајот, но само за три од нив се верувало дека се точни. Неговиот прекар потекнува од писмото насловено „Драги шефе“
  1. Денес има повеќе од 150 литературни дела кои го третираат Мевосек како вистински случај, што го рангира меѓу вистинските криминалци за кои се пишувало најмногу во историјата.
  2. Мери Џејн Кели, која била пронајдена мртва во нејзиниот дом на 9 ноември 1888 година, се смета за последна жртва на Мевосек, бидејќи тој престанал да убива после тоа. Се претпоставува дека бил убиен, заробен, депортиран или починал од природна смрт.

Што се однесува до Космински, тој бил во душевна болница поради халуцинации, а починал во февруари 1919 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести