Претседателот на Левица продолжи со силни пораки на Фејсбук упатени до Христијан Мицкоски, овој пат нарекувајќи го квазипатриот и нехаризматичен мајстор. Напишаното ви го пренесуваме во целост:
“Христијан Мицкоски, квазипатриотот кој ја преспа Преспа и чиј пратеници стоеја до ѕидот кога се менуваше името Македонија, во надеж дека ќе стане идниот премиер (како што лажно го тапшаше Меркел) – истиот тој “лидер” сега се согласил со сведување на државотворниот македонски народ на обична етничка заедница, само за да им удоволи на неговите идни коалициони партнери – националшовинистите од АА!
Овој човек, без око да му трепне, ја прифаќа Тиранската платформа и се нафаќа со целосна ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија (по примерот на Босна), како иден чекор кон кантонизација/федерализација на Републиката и нејзино згаснување. Свака част нехаризматичен мајсторе.” – пишува на Фејсбук Претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

