Кога обичен човек секојдневно би добивал толку шлаканици, веројатно би му се расипал слухот од зуење во ушите, но кај првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очигледно тешко дека тоа може да го отрезни од мамурлакот и опиеноста од функцијата.
За три години откако е на чело на партијата, ВМРО-ДПМНЕ загуби околу 150 000 гласови.
На парламентарните избори во декември 2016 и покрај сите проблеми, ВМРО-ДПМНЕ успеа да победи освојувајќи 454.577 гласови
На минатогодишните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски како „шпицен кандидат“ загуби и освои само 315 344 гласови.
Тоа значи дека за време на неговиот мандат, Мицкоски губел по 50 000 гласови на годишно ниво.
Ниту еден претседател во историјата на партијата не доживеал толку последователни порази.
Практично Мицкоски е единствениот претседател кој и по три години поминати на функцијата не успеал да извојува ниту една победа.
Актуелниот советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, професорот Владо Поповски, вчера во интервју на ТВ21 отворено порача дека Мицкоски го нема капацитетот на неговиот претходник.
„Мицкоски да го поврати целиот капацитет кој Груевски го имаше до 2009 година, се сомневам, не верувам дека ќе го поврати. Не мислам дека е толку вешт колку што е Груевски, а конечно немаше ни три чисти да почне самостојно, да не напаѓа, но да започне самостојно. Мицкоски згреши кога беше пред потпишување на Преспанскиот договот, кога го посети Меркел која после 2 минути излезе од кај него, Мицкоски не ја разбра ниту големата политика, ниту единствениот начин на пребродување на она што со Грците го имавме“, изјави Поповски.

Пред неколку дена и професорката Биљана ванковска, која беше дел од тимот на Гордана Силјановска Дафкова, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, го избриша подот со него нарекувајќи го мочко.
“Каков мо*ко треба да си за да сметаш дека ќе ги вратиш Македонците со тоа што ќе ги запишеш во лична карта!?! А притоа да немаш cojones да го идентификуваш проблемот и да го отстраниш! И така лидерот на опозицијата станува ист ко оној Павле шарениот. Тој повеќе се грижи за идниот коалициски потенцијал (за да направи влада) одошто што умее да ја види погубноста на овој чин. Што да кажам освен дека станува збор за здружен злосторнички потфат во кој заедно ќе бидат убиени и изгледите за демократска држава и она малку што остана од Македонците. Толку ли се кусогледи или само себични?” – напиша Ванковска на Фејсбук.
