Вулканот Етна, еден од најактивните вулкани во Европа, кој се наоѓа на источната страна на островот, повторно започна со работа, а според италијанските медиуми, од кратерот се слушаат експлозии, а и големи количини лава се исфрлени од него.
Огромен облак од чад беше видлив на стотици милји далеку и го покри небото над Катанија
İtalya'nın Sicilya bölgesinde bulunan Etna yanardağında büyük bir patlama meydana geldi pic.twitter.com/28dp15tujh
— İMChaber24 (@imchaber24) February 16, 2021
Пепелта предизвикана од ерупцијата продолжува да паѓа врз селото Етна, кое се наоѓа на јужните падини на овој вулкан, додека протокот на лава се движи низ ненаселениот дел кон долината Бова.
Експертите од Институтот за геофизика и вулканологија ја следат ерупцијата на вулканот и нагласуваат дека засега нема опасност по населението.
Поради вулканската ерупција, аеродромот во Катанија беше затворен како претпазливост.
