Дрвена минијатурна зграда со простории за мачки е поставена во паркот Докум во турскиот град Анталија.
Станува збор за дрвена минијатурна трикатна зграда со 64 соби кои се целосно опремени за удобен и безбеден престој на мачките.
Покрај зградата, поставени се и помали куќи и други објекти за мачки, како еден вид „град на мачките“, пренесува агенцијата Анадолија.
Општина Кепез во Анталија објави дека паркот Докум, по своите музеи, библиотеки, уметнички галерии и научен центар, доби нови содржини што ќе обезбедат удобен престој на животните.
Болницата за животни ќе понуди и услуга за брза помош, и ќе биде опремена со простории за операции, лабораториска анализа на крв, интензивна нега, рендгенски прегледи, постоперативно закрепнување и карантин.
