„Концептот е македонската република да биде граѓанска држава, а не држава на етницитети.“ изјави вечерва во емисијата „Само вистина“, Марјан Ѓорчев, специјалниот советник на Христијан Мицкоски.
Иако Мицкоски застана зад предлогот на Беса за измени во Законот за лични карти, односно вметнување и на етничката припадност, Ѓорчев вели дека тоа не била идејата на ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии кои во 2001 година, заедно со меѓународната заедница застанаа зад Охридскиот договор. Според него ставот на Мицкоски е враќање чекор назад и отпочнување на ретроградни процеси кои се надвор од европските практики.
„Граѓанската држава ниеја изградивме со рамковниот договор. Јас бев во Охрид и ние тоа го направивме. Сите деривативни извадоци од тој договор или дополнителни индивидуални или колективни права во врска со личната карта отстапуваат од тоа што претставува граѓански концепт и потреба од лична карта. Токму затоа ни треба личната карта. За да се идентификуваме во институции на системот, а не да се изнесуваат емоции и чувства. За тоа има друг начин како да се направи.“, изјави Ѓорчев.
Горчев нема логично образложение зошто треба да стои покрај македонско државјанство и етничка припадност.
Предлогот на Беса кој е поддржан од Мицкоски, Ѓорчев смета дека може да ги разгори страстите на луѓе кои не и мислат добро на земјата.
„Има македонски политичари, интелектуалци, новинари заговараат подолго време друг концепт, федерален кантонален, конфедерален, но сега Македонија има граѓански концепт кој е дел од македонскиот Устав.“ заклучи Ѓорчев.
