Facebook продолжува да се пробива на хардвер пазарот, овојпат со помош на паметен часовник.
Според порталот „The Information“, станува збор за паметен часовник кој ќе се базира на Android, но сè уште не е наведено дали користи Wear OS на Google. Исто така, постојат некои неофицијални информации за тоа како Facebook прави сопствен оперативен систем.
Според упатените, паметниот часовник ќе може да испраќа пораки и да ги следи фитнес-активностите, а ќе им се придружи на Portal и Oculus како друг член на колекцијата уреди на Фејсбук. Тие исто така известуваат за брендирани очила Ray-Ban кои треба да се појават на пазарот до крајот на годината.
Facebook, се разбира, ги негира сите овие проекти.
Едно е сигурно, како што пишува порталот The Verge, е дека Facebook со години се обидува да се пробие во светот на хардверот. Тие имаат повеќе од 6.000 вработени кои работат на разни AR и VR проекти, а Bloomberg исто така наведува дека имаат неколку експериментални иницијативи во рамките на одделот за лаборатории на Facebook.
