10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СТРАШНО: ПОВЕЌЕ ОД 120 ПОВРЕДЕНИ ВО РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА (ВИДЕО)

Повеќе од 100 луѓе повредени во Јапонија во саботата навечер за време на потрес од 7,3 степени во покраината Фукушиму, кој остави без струја милион домаќинства, а дел и без вода и предизвикал прекин на желизничкиот сообраќај поради оштетување на пругата.
Испукани се ѕидови, искршени многу прозори а се појавило лизгање на земјиштето во Фукошими, подрачје кое е најблиску до епицентарот. Тресењето најмногу се почуствувало во Токио, кој е одалечен повеќе од 200 километри.
Повредени се најмалку 120 лица, објавила националната тв мрежа NHK, вклучувајќи неколку лица кои се здобиле со скршеници, но не биле забележани смртни случаи.

Американскиот институт за геолошки истражувања (USGS) регистрирал потрес со магнитуда од 7,1 седумдесет и два километри североисточно од градот Намиеа. Јапонските власти подоцна рекле дека магнитудата на потресот била 7,3.

Очекуваниот страв од оштетување на нуклеарката во Фукушими, која ја девастирале силни потреси и цунами пред 10 години, го смирил операторот на нуклеарката Тепко.
Нема неправилности во нуклеарката, објавила новинската агенција Кјото, цитирајќи го Тепко.

Во март 2011. Јукушима и други подрачја на северосток на земјата ја погодил земјотрес со магнитуда од 9 степени и цунами, поради кои тешко е оштетена тамошната нуклеарка.
Тогаш во поплавите загинале повеќе од 18.500 луѓе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести