6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

МЕКСИКАНСКИ КАРТЕЛИ СЕРВИРААТ НЕЗАПАМЕТЕН ХОРОР: ПРОНАЈДЕНИ 18 КЕСИ СО ДЕЛОВИ ОД ТЕЛА – ПОВЕЌЕ ОД 80.000 СЕ ВОДАТ ЗА ИСЧЕЗНАТИ (фото/видео)

Обвинителството на западната мексиканска држава Халиско објави дека полицијата на периферијата на градот Гвадалахара пронашла 18 најлонски вреќи полни со отсечени делови од тела.

Полицијата синоќа пронашла дел од човечко тело во близина на надвозникот на автопатот, а тоа ги довело до куп залепени вреќи во ров во близина. Отсечените екстремитети се испитуваат за да се утврди колку тела се во прашање, пренесува АП.

Во ноември, властите пронајдоа 113 тела и делови од телото од тајната гробница во градот Ел Салто, близу Гвадалахара. Во текот на 2020 година, откриени се вкупно 189 трупови во градот.

Државата е седиште на новата генерација на картели во Халиско, еден од најнасилните и најмоќните во Мексико. Во тајните гробници се пронајдени повеќе тела отколку во која било друга земја во последните неколку години. Картелот со години се бори против отцепената фракција во и околу Гвадалахара.

Повеќе од 80.000 лица се водат за исчезнати од почетокот на војната со наркотици во Мексико во 2006 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести