3.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Жител на Свети Николе осомничен за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице заради основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1  точка 3 од Кривичниот законик и еден обид за тешка кражба.

На 11 февруари, 24-годишниот жител на Свети Николе на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда,  на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Имено, кога ја забележал оштетената и пристапил од зад грб и ги скинал рачките од чантата која оштетената ја носела во своите раце, ја одзел чантата и избегал. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 5.000 денари.

Веднаш потоа се упатил кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улица „16-та Македонска Бригада“, каде се обидел со провалување да одземе туѓи подвижни предмети. Тој насилно ја отворил надворешната врата од амфитеатарот, влегол внатре, продолжил со кршење на врати и пребарување, со цел да пронајде предмети со кои може да се стекне со имотна корист, но бил спречен во намерата од чуварот, кој го затекнал на лице место и настанот го пријавил во полиција.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести