6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

36 санкционирани возачи за непрописно престигнување на подрачјето на СВР Тетово

Во текот на вчерашниот ден (12.02.) Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги чинат возачите при престигнување, при што преземени се 36 мерки, од кои 11 на тетовското и 25 на поширокото гостиварско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.  Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести