Апелациониот суд Скопје, вчера одлучи по жалбите на обвинети за за случувањата од 27 април 2017 и делумно ги потврди првостепените пресуди. на 16-темина обвинети за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста судот изрече затворски казни од вкупно 188 години.
Додека во минатото, кога требаше да глуми патриот и да собере политички поени, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски често ги споменуваше во свои настапи обвинетите во овој случај, вчера како мачка да му го изеде јазикот. Ниту тој, ниту пак партијата излезе со било каква реакција за одбивањето на жалбите на обвинетите.
Тој вчера реши да си ја обнови профилната фотографија на својот фејсбук, констатираше дека Македонија е хибриден режим, реагираше на објавата на Министерството за правда, но ниту збор за пресудата. Ниту збор поддршка за обвинетите или пак за нивните семејства.

Ниту пак некој од најтесното раководство реагираше. Потпретседателот Александар Николоски се занимаваше со најавениот Вонреден Конгрес, се жалеше дека е малтретиран по судови од тужби на Заев, си најавуваше свои гостувања во емисии за вечерта, а после тоа споделуваше извадоци од нив на разни теми како заедничката историја со Бугарија и можноста за коалиција со Алијанса на Албанците. Вториот потпретседател Владо Мисајловски вчера реши од Куманово да и порача на власта под итно да набават вакцини.

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ вчера испрати соопштение од некаков коментар на партискиот портпарол Наум Стоиловски за случувања во Општина Аеродром, но не најде време барем во едно соопштение да испрати реакција за потврдувањето на драконските пресуди.

За ваквиот игнорантски однос стигнаа критика од патриотските здруженија, но и од осудените.
Страницата „Слобода за Јане Ченто“ искоментира дека политичките елити заедно ја погребале правдата.
„Едните не судат, другите се прават слепи и глуви на оваа неправда што ни се случува“, стои во коментарот.

Страницата „Слобода за Игор Југ“ пренесе порака од осудениот Игор Југ во која тој се обраќа до раководството на ВМРО-ДПМНЕ: „Господа од Белата палата! Сакам да ви се заблагодарам на секоја секунда лицемерие кое во изминативе 3 и пол години го покажавте кон мене и моето семејство!“.
На тоа се надоврзаа и голем број граѓани кои го коментираа игнорантскиот однос на Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.



