9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Мицкоски ги губи гласовите на Левица! Апасиев го обвини дека ја продал АСНОМ-ска Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по посетата на компанијата „Еко циркон“, која што се наоѓа во Општина Гази Баба, одговарајќи на новинарски прашања исто така истакна дека навистина не гледа проблем за да во личните карти стои и етничката определба. 

    „Јас навистина не гледам проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои што од страна му служат на Зоран Заев, кои што се обидуваат да го спречат сето тоа. Јас навистина не гледам зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец. А, некој тоа сака да го спречи. Зошто сака тоа да го спречи? За тоа што им пречеше македонскиот јазик, им пречеше Македонија, им пречеше АСНОМ, и што уште веќе не им пречи. Но, не им пречи да крадат и да пљачкаат од сопствениот народ“, истакна Мицкоски.

    Мицкоски додаде дека навистина не гледа што е тука спорно, ако во графата националност, стои неговата етничка припадност дека е  Македонец. И инсистира тоа да стои. Зошто сето тоа да се опструира, зошто да се прават безпотребни филибастеринг процедури.

    „И зошто да му слугуваме на Зоран Заев кој што има договор политички со БЕСА и сега бара преку некои странични други парламентарни партии кои што самиот кажа дека им обезбедувал ресурси и логистика пред избори да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, сега да нанесат штета на македонскиот народ. Зошто тоа што Зоран Заев го избриша со тој насилен договор кој што го донесе во Преспа, денеска ние да не го вратиме во Парламентот и во мојата лична карта да стои мојата националност и мојата етничка припадност дека сум Македонец. Што има тука спорно, меѓу вас претпоставувам дека има и луѓе од различни етнички припадности. Зошто тоа што го избриша Зоран Заев по насилен пад да не биде вратено назад во личните карти? Не гледам пречка во тоа“, појасни Мицкоски.

Апасиев жестоко му одговори на Мицкоски

“Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката!

Изедначувањето на македонскиот народ, кој преку вооружена антифашистичка војна дошол до своја (а не туѓа) држава, со обична “етничка заедница” е чекор назад во стекнатите историски колективни права на Македонците. Тоа е чекор плус кон идна федерализација и поделба на државата, затоа што со тоа и се одзема државотворниот конститутивен статус на нашата нација и се сведува на една од многуте “заедници” кои живеат на оваа територија. 😉

Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина – (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!? Ама, за да го сконташ ова, треба да гледаш подалеку од носот, да имаш политички сенс и правно-политолошко, теоретско и практично знаење – а не од обичен анонимус во енергетската политика, да бидеш подметнат од Грујо на наместен конгрес за “лидер”” – пишува Апасиев на Фејсбук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести