2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Коневски: Верувам дека ако дојде до промена, пратениците ќе застанат зад новото раководство

Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение изрази став во врска со актуелните случувања на тема „Вонреден конгрес“.

Тие во соопштението доставија потписи од 39 пратеници кои изразуваат поддршка кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментар на оваа тема синоќа во „10 Минути“ на ТВ21 даде Ивица Коневски од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ.

„Поддршката на пратениците претпоставувам дека е поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тие се пратеници пред се на партијата, на ВМРО-ДПМНЕ и искрено верувам дека доколку дојде до промена на раководството на овој вонреден конгрес дека, исто така тие пратеници ќе застанат позади новото раководство. Вонреден конгрес го сочинуваат сите оние делегати од последниот конгрес се работи за повеќе од 500-ини делегати. За да биде тој конгрес легитимен потребно е да има две третини од членовите на тој вонреден конгрес, ние таа поддршка досега веќе ја имаме“, вели Ивица Коневски од Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат обезбедено 2/3 мнозинство.

Ивица Коневски од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „10 минути“ на ТВ21 вели дека на самиот конгрес ќе го поканат и актуелниот лидер Христијан Мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести