Хејли Лиана (37) од Питерборо во Велика Британија вели дека е професионална швалерка на оженети богаташи и редовно се фали со скапите подароци коишто ги добива од нив.
Хејли ги наоѓа своите клиенти преку страница на интернет, која ја користат исклучиво луѓе во брак, а има постојано двајца или тројца швалери.
Таа како што рече најмногу го сака Денот на вљубените затоа што тогаш заработува повеќе од 11.500 евра само тој ден.

Таа вели дека не е случајно, бидејќи нејзините клиенти имаат грижа на совест дека ќе ја остават затоа што ќе бидат со своите жени, па како швалерка ја преплавуваат со луксузни подароци.
„Се гледам американски инвеститор веќе три години, тој ми подари златен ѓердан вреден 4.000 евра минатата година. Обично се гледаме еднаш месечно во Лондон, а потоа имаме секс во неговата хотелска соба. Добив приврзок вреден 1.000 евра од трговец со акции. Неговата сопруга одамна ја изгуби желбата за секс и се прави дека не ја гледа неговата афера“, објаснува Хејли.
Додава дека омилени и е клиентот од Тајланд, кој има ланец велнес центри низ целиот свет и повремено ја носи на патувања.
„Ние секогаш патуваме од прва класа и престојуваме во најскапите хотели, а овие одморите секако се зачудувачки скапи. Тој најмногу сака да има секс на плажа додека брановите ни ги прскаат нозете “, вели Хејли.

Вели дека не им пречи оваа работа да биде професионална швалерка, не бара да се разведат од сопругите, туку само да биде додаток, бидејќи така тие биле повнимателни кон неа.
„Никогаш не би направила една работа, а тоа е да раскинам нечиј брак. Да се соочиме, повеќето мажи што ги гледам имаат некаков договор со своите жени. Често изневерувањето е затоа што имаат премолчен договори е во знаење со нивните сопруги“ додаде таа.

