Поранешниот амбасадор на Македонија во Будимпешта, Игор Есмеров, не е член на Иницијативнот одбор, ни делегат на конгресот, но ја подржува секоја иницијатива за промена на актуелното раководство и, како што вели – на секое идно кое не би ја освоило довербата на граѓаните, особено кога тоа би се случувало последователно, во неколку изборни циклуси.
„Водејќи се од демократските принципи на владеење, ова раководство повеќе нема никаков легитимитет, ниту право да раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, револтиран сум и крајно разочаран од изјавите на одредени партиски ‘ликови’ кои во текот на вчерашниот ден изнесоа крајно непримерни квалификации за членовите на Иницијативниот одбор, нарекувајќи ги ‘политички отпадници и луѓе кои одработуваат за Заев и СДСМ’. Само да ги потсетам овие ‘ликови’ дека токму членовите на Иницијативниот одбор го изгласаа Мицкоски за лидер на ВМРО.
Прочитајте ја веста во целост на “Независен“.
