Уште еден поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ и делегат на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ се придружи јавно кон Иницијативата за Вонреден Конгрес. Магдалена Каркалашева, поранешен член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишна претседателка на комитетот на УЖ во Гевгелија, на својот фејсбук профил порача дека никој не треба да и каже дека нешто не чини, и дека доволно е зрела за сама да процени.
Споделувајќи фотографија од Вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово од 2017 година, на кој била делегат и учествувала, порача дека никој не е задоволен и дека некој треба да стави прст на чело и да биде голем.

