4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Хрватското здружение „Гласот на претприемачите“ доби казна 20.000 куни како организатор на протест

Корона кризата удри по многу бизнис па строгите мерки ги ставија во минус претприемачите. Поради тоа во многу држави се одржуваат протести против мерките, иако повеќето се без ефект, а во Хрватска добија и казна.

Хрватското здружение „Гласот на претприемачите“ доби две прекршочни пријави за протестите одржани минатата среда во Загреб против владините мерки и штабот за цивилна заштита.

Здружението е казнето со 20.000 куни (2.643 евра) како организатор, а Хрвоје Бујас како претседател на здружението е казнет со 10.000 куни (1.321 евро), пренесува порталот Индекс.

Прекршочната наредба наведува дека тие се виновни затоа што не ги обезбедиле пропишаните мерки за физичко дистанцирање и носење заштитни маски и затоа што не се придржувале до одлуката за забрана на повеќе од 25 лица на исто место.

Порталот потсетува дека синоќа се одржала миса пред катедралата во Загреб, каде имало далеку повеќе од максимално дозволените 25 лица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести