6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Членството и симпатизерите очекуваат смена во раководството

Откако Иницијативниот одбор вчера го закажа најавуваниот Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за 28 март, членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи дадоа поддршка за одлуката и бараат изгласување недоверба на актуелниот претседател Христијан Мицкоски.

Отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател и гласање на доверба ќе бидат приоритетни точки на дискусија, информираше Иницијативата во своето соопштение, во кое додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ со актуелниот претседател Христијан Мицкоски е руинирана до непрепознатливост. Партијата е поделена, раскарана, нема капацитет за коалицирање и нема поддршка од стратешките западни партнери, се вели во соопштението.

Покрај поддршката на членството на ВМРО-ДПМНЕ за одржување Вонреден конгрес, она што е воочливо е отсуството на поддршка за Мицкоски од неговото најтесно опкружување. На прсти се бројат партиските функционери кои му дадоа поддршка на Мицкоски за задржување на претседателското столче како што се Антонио Милошоски, Мане Јаковлевски, глумецот Роберт Вељановски, но и неговите коалициони партнери Јанко Бачев и Солза Грчева.

Ова претставува јасна порака до Мицкоски дека членството и симпатизерите очекуваат смена во раководството на партијата, а со гласањето на ЦК на одлука за закажување на Конгрес во ист ден кога беше објавено дека ќе се одржи Вонреден конгрес се покажа дека и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не верува повеќе во лидерските капацитети на Мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести