16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

НАУНОВСКИ ДО МИЛОШОСКИ: Готови сте! Подобро одете си уште денес, не внесувајте уште поголем раскол меѓу Македонскиот народ!

Професорот Тони Науновски се јави со реакција на фејсбук по прес-конференцијата на Антонијо Милошоски

“Очекувано беше овие што цел живот се функционери врз на грбот на искрените патриоти и членови на вмро дпмне да си ги бранат фотељите. Овој, дотичниов, ако се сеќавате, пишуваше писма против Мицкоски кога го избраа, а сега откако го стави пратеник, го сменил мислењето, какво лицемерие е тоа (јас од третиот ден откако го ставија Мицкоски заклучив дека не го бива, не знае ни политичка теорија, ниту историја, ниту идеологија на ВМРО, се опкружи веднаш со сорос конрад типчиња итн.)

Овој треба да каже за тоа зошто бил осуден во Германија, за политичкиот морал, а не да лаже со цел да си ја спаси пратеничката плата – бидејќи новото раководство, верувам, веднаш ќе побара оставки од сите пратеници на Мицкоски, со цел предвремени избори.

Лаже овој, затоа што КОНГРЕСОТ Е НАЈВИСОК ОРГАН НА БИЛО КОЈА ПАРТИЈА. ДЕЛЕГАТИТЕ НА КОНГРЕСОТ ИМААТ МАНДАТ ОД 4-5 ГОДИНИ, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ИСТИТЕ ДЕЛЕГАТИ НА КОНГРЕСОТ КОИ ГО ИЗБРАА МИЦКОСКИ ИМААТ ЦЕЛОСЕН ПОЛИТИЧКИ И ПРАВЕН ЛЕГИТИМИТЕТ, И ЛЕГАЛНО-СТАТУТАРНО ПРАВО, ДО ИСТЕКОТ НА НИВНИОТ МАНДАТ, ДА СВИКААТ ВОНРЕДЕН КОНГРЕС, СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ!

Готови сте. Се што сте правеле ви е нелегитимно, некакви нови правилници, квази статути, документи и слични глупости, се е тоа ништовно и не важи. Подобро одете си уште денес, не внесувајте уште поголем раскол меѓу Македонскиот народ.” – пишува Науновски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести