На социјалните мрежи кружи видео на кое обвинетиот отворено флертува со судијата на судењето.
Демитриус Луис, од Флорида, беше уапсен за кражба, а тој не можеше да одолее додека беше испрашуван преку видео, па ѝ даде комплимент на судијката:
- Морам да ти кажам, ти си прекрасна. Те сакам, те сакам, ѝ рече Луис.
Таа се смееше, но сепак му рече дека ласкањето нема да го однесе далеку на суд.
Како што може да се заклучи од видеото, тужителот побарал кауција од 7.500 американски долари, но судијата сепак одобрил нешто помала сума – 5.000.
https://twitter.com/wsvn/status/1357426555589435394?s=19
