5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Мистериозниот монолит се појави и во Турција (ВИДЕО)

Мистериозниот монолит кој се појави во неколку места во светот сега се најде и во Турција, а тамошните власт ја истражуваат околната област во југоисточната провинција Санлиурфи.

На монолитот се гледа натпис на турски јазик, на кој пишува „погледни кон небото, ќе ја видиш месечината“.

Мистериозниот објект е висок околу три метри и е откриен недалеку од локацијата на Гобекли Тепе, кој содржи мегалитски структури кои датираат од 10 век п.н.е., илјадници години пред Стоунхенџ и кои се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО, пренесува британскиот весник Гардијан .

Полицијата ги разгледува снимките од надзорните камери во пошироката област, обидувајќи се да го идентификува возило кое што можеби го пренесувало монолитот.

Во текот на изминатата година, мистериозни монолити се појавија во бројни земји и исчезнаа по некое време.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести