Во лагата, според народните поговорки, се кратки нозете, но во лагите на првиот човек во најголамата опозициска партија Христијан Мицкоски само се скратува меѓународната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера, словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок дојде во посета на Македонија и оствари средба со неговиот колега Бујар Османи кој предложи земјава да отвори амбасада во Братислава. Корчок беше примен и од претседателот Стево Пендаровски, со кого разговарал за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу двете земји.
Карчок повтори дека Словачка го поддржува членството на Македонија во ЕУ и се надева дека во рамки на португалското претседателство ќе се постигне консензус по прашањето на Македонија и оти проблемите со пандемијата нема да го попречат тоа. Корчок сметадека Македонија ја завршила својата работа и иако не е совршена, покажала напредок во клучни области.
Министерот Иван Корчок , заедно со неговиот чешки колега Томаш Петричек вчера објавија и колумна во ЕУ Обсервер во која ги појаснија своите ставови околу уцените кои Бугарија и ги поставува на Македонија во врска со историјата.

Ставот дека Македонија ги исполнила своите обврски за добивање датум за преговори се директно спротивни на тврдењата на Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои само и даваат оправдување на неоснованата бугарска блокада. Според Мицкоски и неговите соработници Македонија потфрла во реформите, иако Словачка и земјите кои го поддржуваат влезот во ЕУ сметаат поинаку.

Токму пред неполни два месеци , Николовски кој важи за најблизок соработник на Мицкоски се обидуваше „ексклузивно“ да се пофали дека реакцијата на Чешка и Словачка не била случајна. „ВМРО-ДПМНЕ за целиот овој период активно ги информираше своите пријатели, што и’ се случува на Македонија и затоа сме сега во ситуација ,Чешка и Словачка да бидат поголеми патриоти од Зоран Заев, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тогаш во емисјата Стадион на Канал 77.

Веднаш потоа стигна демант од „пријателите“ од Чешка и Словачка, а владеачкоот СДСМ се трудеше да поентира на срамните лаги на Мицкоски.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ да имало пријателски односи со словачките власти, после незрелото однесување на Мицкоски, денеска стигна најголемиот удар врз партијата, а тоа е избегнувањето на официјална средба. Партијата во текот на денот информираше за десетици безначајни пресови и настани, но немаше ниту една информација дека шрвиот човек се сретнал со словачкиот министер.
Катастрофално заврши и лагата на Мицкоски дека бил фабрикуван и извештајот изготвен по налог на Европскиот парламент во кој беше посочен како директен извор на лажни вести заедно со порталот Инфомакс и Миленко Неделковски.
На почетокот на декември Мицкоски во интервју на ТВ 24 најави дека разговарал со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер (важен член на сестринската германска партија ЦДУ) и „очекувам жесток демант деновиве“.
Од тогаш поминаа повеќе од два месеци, а најавите на Мицкоски станаа само потсмев на медиумите заради кој тоне рејтингот на партијата.

