Понекогаш се случува капачето на теглата да се залепи толку цврсто што е скоро невозможно да се отвори. Но, има решение.
Секој веројатно има свој метод за решавање на овој проблем. Сепак, во овој текст презентираме четири методи кои со сигурност успеваат.
Нож
Кога не можете да отворите тегла сè што треба да направите е да земете обичен кујнски нож и да го ставите врвот под капачето. Потребно е малку да се повлече ножот настрана, за да се пушти воздухот во теглата.
После тоа, капачето може лесно да се отстрани.
Притисок
Ако теглата не е отворена претходно, доволно е да се преврти и малку да се удри по дното.

Врела вода
Сè што треба да направите е да го поставите накратко делот каде што се наоѓа капакот под млаз топла вода. Топлината ќе го омекне она што го држи капакот и ќе го отворите многу лесно.
Шмиргла или фолија
Исто така е можно да се отвори со малку фолија или шмиргла. Само исечете мало парче материјал, покријте го капачето, а потоа обидете се да отворите.
