8.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Малолетен Кениец преживеал лет кон Холандија, додека патувал со товарен авион на „Turkish Airlines“

16-годишен тинејџер од Кенија го преживеа летот од Лондон до Мастрихт на ниска температура со голема среќа, држејќи се за опрема за слетување на авионот.

Имено, 16-годишното момче преживеа и покрај екстремно ниските температури, додека патуваше со товарен авион на „Turkish Airlines“, на кој „се качи“ држејќи се за опрема за слетување (тркала кои подоцна се вовлекоа во долниот дел од авионот) .

Малолетниот Кениец е пронајден утрово во авион кој слетал на аеродромот во Мастрихт, откако го преминал морето на надморска височина од околу 6.000 метри.

Тинејџерот е среќен што е жив, бидејќи и порано имало слични случаи, но „слепите патници“ замрзнале и починале.

Холандската полиција изјави дека неименуваниот тинејџер моментално е во болница поради хипотермија и дека се надеваат дека ќе се опорави што е можно побрзо.

Тие додадоа дека овој инцидент може да биде поврзан со криминалци кои се занимаваат со трговија со луѓе, па затоа ќе го испитаат овој случај одделно.

  • Имаше многу среќа што преживеал. Секако, ваквите патници во авионите се реткост и тие генерално не го преживуваат овој вид патување, велат од службата за односи со јавност на аеродромот во Мастрихт.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести